Истражувачи од Универзитетот Кембриџ, поддржани од истражувачи од Бостонскиот колеџ и тинк тенкот Autonomy работеа заедно со 61 компанија во Обединетото Кралство во период од шест месеци на скратување на работната недела за 20%.
Четиридневна работна недела била воведена во ресторани, ИТ компании финансиски организации и сл., но најголем дел од нив си ја задржале продуктивноста на истото ниво од претходно и не ја скратиле платата на вработените поради скратеното работно време.
Новиот извештај го објави неделава тинк тенкот Autonomy. Од него се гледа дека скратените работни саати значително го подобриле здравјето на вработените. Дури 71% од вработените пријавиле дека чувствуваат помал товар, а 39% дека чувствуваат помалку стрес отколку претходно.
Забележано било намалување од 65% во боледувањата и 57% помалку откази и вработување нови работници во споредба со периодот пред оваа студија.
Освен позитивните ефекти врз работниците, забележани биле поголеми приходи од 1,4% кај компаниите кои учествувале во студијата. 92% од компаниите планираат одредено време да ја задржат четиридневната работна недела, а 18 компании потврдиле дека трајно ќе воведат четиридневна работна недела.
Оваа студија е најголема од овој тип досега и во не учествувале 2,900 вработени во 61 компанија.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixa Hive)