Најдлабокиот бунар за нафта во Азија има над 9.000 метри длабочина

- Advertisement -

Најголемиот производител на нафта и гас во Кина, компанијата PetroChina, објави дека нивната ископина, соопшти дека нивниот бунар за нафта Pengshen-6 достигнал длабочина од 9.026 метри, со што стана најдлабокиот вертикален бунар во Азија.

- Advertisement -

Рекордно длабокиот бунар се наоѓа во југозападниот дел на кинеската провинција Сишуан. Изградбата на структурата била доста комплицирана затоа што геолошките услови биле сложени и морало да се поминат над 10 слоеви на почвата. Тоа значи дека при дупчењето работниците поминале од висока температура, висок притисок до голема количина на сулфур.

Од PetroChina Southwest Oil and Gasfield Company велат дека новиот бунар ќе обезбеди поддршка за ултрадлабоко ископување нафта и гас и ќе ги постави основите за научната програма за истражување на бунари за нафта длабоки 10.000 метри, која треба да почне годинава.

- Advertisement -

Бунарот го ископала подружница на China National Petroleum Corp во јули 2021 година. Првичните планови биле бунарот да биде длабок 7.990 метри, но со цел за подлабоко да се истражи нафтата и гасот, дупчењето продолжило до 9.026 метри.

Изградбата на овој бунар се поистоветува со искачување на Монт Еверест во оваа индустрија. Од 2011 година досега PetroChina има ископано 8 бунари длабоки на 8.000 метри и два бунари над 9.000 метри. Другиот бунар длабок 9.000 метри е бунар за истражување гас.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -