Граѓаните нема да плаќаат произволни цени за белиот и полубелиот леб од 1 март. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе ја замрзне цената на овие два продукта и ќе изнесува 33 денари.
„Сакам да најавам дека во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари. Пзараниот инспекторат ќе проверува не само за цената туку и за количината бидејќи утврдивме дека одредени трговци ги намалија цените но и грамажата. Под 450 грама бел и полубел леб нема да се продава над 33 денари. Нема да оставам граѓаните да плаќаат повисоки цени од реалните. Министерството за економија работи и за другите производи и ќе следат нови одлуки во делот на замрзнување на цените. Нема да има воени профитери во време на голема криза, ова е само првиот чекор “, дециден е министерот Бектеши.
Тестенините се следниот основен прехранбен продукт каде ќе се интервенира а според министерот Бектеши за спречување на евентуалниот раст можно е да се укинат царинските давачки. На неделно ниво ќе се разгледуваат цените за другите прехрамбени продукти а се чека на податоци од министерството за земјоделство за натамошното постапување околу цените на овошјето и зеленчукот.
Граѓаните и понатаму бараат намалување на цените на основните прехранбени производи бидејќи велат дека економската стотјба станува неиздржлива а во маркетите нема ред и секојдневно се сретнуваат со нови цени.