Научници ја зголемија ефикасноста на соларните панели за 250%

- Advertisement -

Материјалите перовкајт имаат потенцијал да го заменат силициумот во технологијата за соларни панели затоа што се поевтини за производство и подобри во апсорпцијата на форми на светлина со повеќе енергија. Од друга страна, имаат и недостатоци затоа што научниците уште смислуваат како тие материјали да ги направат постабилни и подолготрајни.

Научници во нова студија сепак успеаја значително да ја подобрат ефикасноста на одредени видови перовскатј, познат како перовскајт олово-халид. Со комбинирање на перовскајтот со супстрат од метал наместо стакло ефикасност на претворање на светлината во енергија се зголемува за дури 250%.

- Advertisement -

Никој друг нема псотгнато нешто слично со материјалот перовскајт. Со ставање на метална платформа под перовскајт може целосно да се смени интеракцијата на електроните во перовскајт, односно се користи физичка метода за иненеринг на таа реакција, појаснува Чунлеи Гуо, професор по оптика на Универзитетор Рочестер во Њујорк. Истражувањето на неговиот тим е објавено во списанието Nature Photonics.

Иако има уште доста работа додека оваа технологија се пренесе од лабораторија во реална соларна плоча, ова е уште еден показател дека перовскајт кристалните структури наскоро може да бидат примарен материјал кој ќе се користи за зголемување на производството на соларна енергија.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -