Активистите во целиот свет се борат за правото да поправаат, иконата во мобилната индустрија Nokia претстави телефон кој корисниците можат да го поправаат сами. Тоа го објави компанијата и ги наведе сите детали за новиот уред.
Телефонот го направи финскиот производител НMD Global, го носи името Nokia G22 и е стандарден паметен телефон со екран од 6,5 инчи и камера од 50 мегапиксели која не е ништо пораслична од другите телефони на пазарот.
Сепак, надворешните и внатрешните делови на тлефонот се навистина уникатни. Задниот дел на уредот е направен од рециклирана пластика, која лесно може да се отстрани за да се заменат некои расипани делови. Со помош на упатствата од компанијата за поправка на хадвер iFixit и неколку алатки корисниците можат да поправаат неколку дефекти на телефонот, вклучувајќи ги батеријата, екранот и портот за полнење.
Како што велат од HMD Global, поправката на овој телефон во просек би била 30% поевтина отколку да се купи нов телефон.
G22 има почетна цена од 179,19 долари, а деловите за замена може да се купат од iFixit.
(Interesting Engineering)
(фото: Nokia)