Со месечна бруто плата од над 165 илјади евра, скопјанец од тутунската индустрија е најплатeниот вработен во државата. Годишно заработува скоро 2 милиони евра. УЈП ги објави податоците за највисоките примања во 2021 та година.
Но најбогатиот граѓанин, кој покрај плата има и дополнителни примања од странство – месечно живеее со 328,225 евра. Високи плати земаат и вработените во болниците, фармацијата, одгледувањето свињи, металската индустрија, управувачките дејности и програмирањето.
Велешанец заработил над 3,3 милиони евра од дивиденда, додека скопјанец од продажба на сопственички удел – 2 милиони евра. Највисокиот годишен бруто приход од самостојно вршење дејност изнесува над 1,6 милиони евра.
На врвот на листата за исплата на највисок доход од самостојното вршење на дејност повторно се скопјани, а највисокиот износ е 102,4 милиони денари. Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, производители на амбалажи од хартија, и од дејностите трговија на мало со делови за моторни возила и малтерисување, изјави Сања Лукаревска, директор на УЈП.
Ресенчанец од продажба на земјоделски произоди заработил 203 илјади евра годишно, скопјанец од издавање под закуп 600 илјади евра. Најмладиот милионер има 8 години, најстариот 96.Според УЈП, вкупниот приход кај вработените пораснал во 2021 во однос на претходната година. Сепак, има и такви кои се уште не зеле плата за сработеното. Според УЈП, без јануарска плата останале скоро 36,000 вработени, а 12. 692 работници немаа плата за декември.
Фото – Pixel
Извор – Кариера.мк