Нова студија од Универзитетот Тулане во САД, која ги спроедува популарните диети со оглед на прехранбениот квалитет и нивното влијание на околината, откри дела кето и палео диетите имаат меѓу најниските резултати во целокупниот квалитет на исхраната и се меѓу врвот по емисијата на јаглерод.
Во студијата се проценува дека кето диетата, која дава предност на високите количини масти и малите количини јаглехидрати, создава речиси 3 кг јаглерод диоксид на секои 1.000 внесени калории. Палео диетата, која ги избегнува житарките и гравот во корист на местото, јаткастите плодови и овошјето, ја има следната најниска оценка по квалитетот на исхраната и исто така има висока емисија на јаглерод – 2,6 кг јаглерод диоксид на 1.000 внесени калории.
Резултатите од студијата се добиени со користење на податоци од над 16.000 начини на исхрана, односно диети на возрасните Американци собрани преку Центрите за контрола на болести. На диетите им се доделени бодовни вредности врз база на американскиот федерален Индекс на здрава исхрана, а просечните резултати се пресметани за оние кои јадат сеаков вид на диета.
Ова е првата студија која го мери карбонскиот отпечаток на секоја диета и ги споредува со вообичаените начини на исхрана, вели Диего Роуз, професор на Универзитетот Тулане и коавтор на студијата, која е објавена во научното списание The American Journal of Clinical Nutrition.
Од друга страна, се покажало дека веганската исхрана најмалку влијае на климатските промени и создава 0,7 кг јаглерод диоксид на 1.000 внесени калории. После веганската исхрана следуваат вегетаријанската и пескатарската исхрана, кои имаат исто така мала емисија на јаглерод. Од овие три диети пескатарската има највисока оцена според нутритивните квалитети, а зад неа се вегетаријанската и веганската,
Сите тие кои јадат се и разнолико, што е најсчестиот начин на исхрана, односно кај 86% од учесниците во студијата, резултатите покажаа дека нивниот начин на исхрана е точно на средината по квалитетот и одржливоста. Резултатите сугерираат дека кога 1/3 од тие што се на таква диета ќе почнат да се хранат вегетаријански, тоа во просек би било еднакво како на патничките возила да поминуваат 544 милиони километри помалку дневно.
(Eurek Alert)
(фото: Pxhere)