TikТоk го ограничува времето на користење за малолетниците

- Advertisement -

TikTok воведува временско ограничување од 60 минути дневно на апликацијата за сите корисници кои имаат помалку од 18 години. Како што велат од ВВС, долколку малолетниците дојдат до тој лимит, ќе мора да внесат шифра за да продолжат со користење.

Сепак, ќе има и опции за избегнување на оваа последна мерка на TikTok, а од компанијата велат дека тие ќе бидат откриени во текот на наредните недели.

- Advertisement -

Кинеската компанија во чија соственост е TikTok соопшти дека оваа опција се воведува за да им помгонат на луѓето да контролираат колку време поминуваат на оваа популарна апликација.

Според правилата на платформата, секој корисник мора да има најмалку 13 години, а сите помлади од 18 години на неделно ниво ќе добиваат известувања колку време поминале на TikTok.

- Advertisement -

Родителите кои користат некои од опциите за контролирање колку нивните деца поминуваат на телефон ќе можат сами да го наместат временското ограничување.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -