Само 11 минути дневно од оваа едноставна активност спречува прерана смрт

- Advertisement -

Секоја десетта прерана смрт во светот би можела да се спречи со секојдневно вежбање, но и едноставна активност како 11-минутно пешачење, покажа ново големо истражување. Познато е дека телесната активност го намалува ризикот со срцеви заболувања, рак и други водечки причини за смрт, но не е јасно колку вежбање е потребно за да се добијат такви ефекти.

Затоа, меународен тим од истражувачи ги нобедини резултатите од 196 претходни студии кои вклучувале над 30 милиони луѓе за да добијат една од најсеопфатните анализи направени на оваа тема. Тие пресметале дека отприлика секоја шеста прерана смрт во светот би била спречена ако испитанциите во студијата имале најмалку 150 минути умерена телесна активност неделно, што е ниво кое го препорачува британската Национална здравствена служба.

- Advertisement -

Но, дури и половина од тоа, 75 минуди неделно или помалку од 11 минути дневно, може да ја спречат секоја десетта прерана смрт во светот, пишува во мета анализата објавена во списанието British Journal of Sports Medicine. Тоа вклучува и намален ризик од срцеви болести за 17% и намален ризик од рак за 7%.

На луѓето чија телесна активност е минимална или никаква 11 минути одење дневно можат да им го намалат ризикот од прерана смрт за 23%. Се што треба да направие е да најдете слободни малку повеќе од 10 минути дневно и за тоа не мора да одите во теретана, тоа е дел од секојдневниот живот, вели Сорен Браге, експерт за епидемиологија на телесна активност на Универзитетот Кембриџ и коавтор на студијата.

- Advertisement -

Тој им предлага на луѓето на пат до работа да слезат од автобус неколку станици порано и да продолжат пеш или да возат велосипед до работа. Бидејќи им се потребни години за да утврдат како ефект имаат вежбите врз ризикот од такви болести, многу студии се направени пред повеќе од 10 години.

(Dnevnik.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -