Овој автомобил загадува повеќе од Велика Британија и Германија заедно

- Advertisement -

Кога сите спортски теренски возила во светот (SUV) би биле држава, би биле на шесто место по загадувањето, покажа едно ново истражување. Околу 330 милиони SUV во 2022 година проиизвеле иста емисија на гасови како Велика Британија и Германија заедно, велат од Меѓународната агенција за енергија (IEA). Овие возила трошат околу 20% повеќе отколку обичните автомобили, но последните години се продаваат се повеќе такви возила.

И покрај проблемите во синџирот на снабдување и општиот пад на продажбата на автомобили за 0,5%, продажбата на SUV пораснала за 3% во 2022 година. Тие сочинуваат 46% од вкупната продажба на автомобили во текот на таа година, велат од IEA.

- Advertisement -

Борците а климатските промени се се позагрижени поради штетното влијание на SUV возилата. Активистичката група Tire Extinguishers пред неколку дена изјави дека ги издишиле гумите на стотици SUV во Европа во пресрет на првата годишнина од својата кампања.

Возилата се поголеми и потешки од обичните автомобили и трошат во просек 20% повеќе гориво. Зголемениот број на овие возила во 2022 година е одговорен за 1/3 од зголемената побарувачка за нафта.

- Advertisement -

оследните години порасна побарувачката за вакви возила од 20% од новите автомобили во 2012 година на 46% од сите нови автомобили во 2022 година.

(SEEBiz)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -