Постигнат историски договор за заштита на 30% од водените површини на Земјата

- Advertisement -

На секој десетти животински вид кој живее во светските мориња му се заканува изумирање. Затоа, членктие на ОН постигнаа историски договор после десетгодишни преговори. Станува збор за Договорот за светските мориња, со кој 30% од водените површини на Земјата ќе добијат заштитен статус до 2030 година со цел екосистемот во нив да се зачува и да се опорави.

Во новите заштитени подрачја ќе биде ограничен ловот, ќе бидат одредени точни патеки по кои можат да се движат бродовите и длабинското рударење, кое подразбира екстракција на материјали од морското дно подлабоко од 200 метри.

- Advertisement -

Договорот беше постигнат после седнивата во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, која траеше 38 часа. Преговорите за договорот траеја цели 10 години затоа што членките не може да се договорат околу финансиите, а спорна точа беа и квотите и правото на рибарење.

Минатиот меѓународен договор за заштита на океаните, Конвенцијата за Законот за морињата, беше потпишан во 1982 година. Со него беше утврдено на кои подрачја од меѓународните води сите земји имаат право на рибарење, пловење и истражување, но беа заштитени само 1,2% од водените површини.

- Advertisement -

Морскиот свет надвор од тие подрачја ги трпеше последиците од климатските промени, претераниот лов и прекуокеанскиот транспорт без никаква заштита. Затао според последната проценка на состојбата на морскиот и океаснкиот екосистем, речиси 10% од животинските и расттителните врсти во тие води се во опасност од изумирање.

(Beta)

- Advertisement -

(фото: RawPixel)

Сподели!
- Advertisement -