Исхраната со низок процент на јаглехидрати и висок удел на масти може да се поврзе со високи нивоа на лош холестерол и да го дуплира ризикот од кардиоцаксуларни заболувањакако што се блокирани артерии, срцеви и мозочни удари, покажа новот истражување кое го пренесува CNN.
„Нашата студија откри дека редовната консумација на исхрана со низок удел на јаглехидрати и висок удел на масти е поврзана со покачено ниво на LDL холестеролот или лошиот холестерол и поголем ризик од срцеви болести“ вели авторката на студијата, д-р Јулија Иатан, од клиниката за програмата за превенција „Здраво срце“ од болницата Сент Пол во Ванкувер.
Покачениот LDL холестерол не смее да се отфрли како занемарлива нуспојава на висококалоричната исхрана или кето исхраната затоа што укажува на поголем ризик од кардиоваскуларни проблеми кои се јавуваат кај лицата со високи нивоа на кетони во крвта, во споредба со луѓето на стандардна исхрана.
Во студијата научниците ја дефинирале диетата со низок удел на јаглехидрати како исхрана во која 45% од вкупните дневни калории доаѓаат од масти и 25% од јаглехидрати. Студијата, која нема научна рецензија, беше претставена во неделата на годишното наулно заседание на Американскиот колеџ за кардиологија и Светскиот кардиолошки конгрес.
Научниците ја споредиле исхраната на 305 луѓе кои јаделе храна со голем удел на масти и низок удел на јаглехидрати со околу 1.200 луѓе кои имале стандардна исхрана, користејќи податоци за здравјето на испитаниците во Обединетотот Кралство, а бил опфатен период од најмалку 10 години.
Откриле дека луѓето кои биле на кето исхрана имале покачено ниво на липопротеини со ниска густина, исто така познати и како LDL, холестерол и аполипропротеин Б. Аполипропротеинот Б е протеин кој ги прекрива протеините од LDL холестеролот и може да биде подобар показател на идните срцеви болести од покаченото ниво на лошиот холестерол.
Научниците забележале и дека во вкупниот внес на масти во кето исхраната уделот на заситени масти е поголем и дека дупло повеќе консумирале животински маснотии (33%) во споредба со оние во контролната група (16%).
(Dnevnik.hr)
(фото: Pxhere)