Жените кои можат да бидат што сакаат.И се потсетуваме на сите економски, културни и општествени постигнувања на жените кои само не потсетуваат дека само заеднички можеме да работиме на подобра иднина за сите.
8ми Март е само еден ден во годината кога се присетуваме на борбата за правата на жените, но да не заборавиме дека таа борба трае секој ден. Разликата помеѓу жените и мажите е особено изразена посебно на застапеноста на раководните функции, и не е проблем само во нашата економија, туку и на глобално ниво.
Финтек компанијата СН ФИНАНСИИ го докажува сосема спротивното. 77% од вработените се жени, но фактот дека 50% од раководните функции во компанијата ги имаат жените е уште поважен. Сите тие безусловно веруваат во она што го работат, не се штедат кога работата е во прашање, доминираат со своите интелектуални квалитети, но и со емпатија да помогнат секогаш и секому.
Еве ги размислувањата на некои од нив за себеси, компанијата и нивниот личен успех.
АНГЕЛА ТАЧОВСКА – регионален менaџер за Скопје и дел од Западна Македонија”Во компанијата сум повеќе од три години, својата кариера ја започнав како кредитен референт за физички и правни лица, по успешна една година ја добив титулата личност на годината во Сектор продажба.Желбата, љубовта и професионалноста како одговорно лице на канцеларија Лептокарија и ментор за обука ја пренесов на колегите со кои создадовме успешен тим кој секогаш е подготвен за нови цели , предизвици и поставување рекорди.Трудот кој го вложив во фирмата беше препознаен и резултира со унапредување на позиција Регионален Менаџер за Скопје и дел од Западна Македонија.Научно докажано е дека луѓето се посреќни кога се занимаваат со некое хоби, па освен мојата посветеност на кариерата, сакам слободното време да го посветам на некои мои други интереси. Најсреќна сум кога патувам и откривам нови места. И колку да звучи како клише, колекционер сум на магнети кои ме потсетуваат на патувањата.Сакам прошетка во природа – нема ништо поубаво од ден поминат на свеж воздух во природа и во добро друштво.Читање книги не може да се изостави –книгата секогаш нуди одлична можност за бегство од реалноста во нови светови и доживувања”.
КРИСТИНА ИЛИЕВСКА – оддел за Внатрешна контрола и ревизија
“Во Сн финансии сум 5 години – уште од самите почетоци на финансиското друштво. Среќна сум што сум дел од овај исклучителен тим.Мајка сум на две прекрасни дечиња, мојата кариера ми е особено значјан и горда сум на себеси што наоѓам баланс помеѓу успехот на работа и семејството. Во слободното време сите „забавни“ активности надвор од работата се поврзани со децата. Сакам прошетки во природа и скијање”.
ИРЕНА СТОЈКОВСКА – Раководител на сектор за картично работење
“Во СН Финансии дојдов во март 2020 година, заедно со короната умеам во шега да кажам. Мојот трансфер беше од една банкарска институција со строго определен распоред на активности, во оваа динамична средина која проактивно и енергично се справуваше со сите предизвици кои ги постави пандемијата и за мене доаѓањето во СН финансии беше најдобрата одлука која ја имам донесено што се однесува до мојата кариера. Убаво е да почувствувате дека сте дел од еден тим во кој на Вас се гледа како на важен и вреден дел значаен за успехот. Постојано се појавуваат нови проекти и задачи на кои треба да се одговори, атмосферата е енергична, ведра и исполнета со хумор и другарувања помеѓу вработените, а тоа целосно одговара на мојот карактер.Еден цитат ми остави голем впечаток, а гласи: Читам за да живеам повеќе од еден живот на повеќе од едно место… а јас читам многу и тоа задолжително книги со Happy Еnd.Имаме еден одличен раководител на сектор за човечки ресурси, кој ни овозможи часови по пилатес, па сега и вежбаме со колешките.А, понекогаш знам и да си сошијам некој модел што сум го видела на Instagram, а не можам да го најдам да го купам”.
EМИЛИЈА МАКАЛОВСКА-Правник
“Три години и три месеци сум во оваа млада енергична компанија на новото време во финансиите. Предрасуда е дека жените не можат да успеат во доминантните машки професии. Долги години правото беше машка професија. Но, кога ги земате нештата во свои раце, мислите на иднината и сакате да вложувате во себеси, можете многу. И нема пречки по тој пат на успехот. Ја сакам работата и комапнијата во која работам, а во слободното време фитнесот е мојот начин за релаксација”.
МАРТА ИВАНОСКА – регионален менаџер за продажба
“Во СН Финансии сум вработена од 2020. Одлуката да го напуштам банкарскиотсектор и да станам дел од тимот на СН Финансии не беше лесна за мене, но од оваа дистанце бешеправилна. СН Финансии е многу комапнија која дава шанса за брз раст во кариерата, која вложува во своите вработени исе грижи за нивните права и интереси.Мојата работна позиција со многу часови седење пред екранот на компјутерот, така што после работното време одамзадолжително на физичка активност. Вљубеник сум во спортот од мали нозе па секоеслободно време го користам да се рекреирам со партија тенис, пешачење или фитнес.Исто така , практикувам во слободно време да прочитам книга или да изгледам некојадобра серија”.
Истакнувајки ја важноста на жената, СН Финансии, четврта година по ред ќе ја организира кампања под мотото “Кај нас жените можат”. Целта е да дадат силен импулс на подршка на жените, јакнење на нивното сознание дека ја имаат моќта на одлучување во сопствените раце, не сомневајќи се во својата способнот и знаење. Оваа комапнија е тука за нив, да им помогне полесно да ги остварат своите планови и желби до конечно добивање на местото кое го заслужуваат, а особено до финансикска независност која е клучна за еманципација и равноправност.
Среќен 8 март кај нив минува со последната кампања во која дадоа посебни погодности за жени клиентки со што уште еднаш потврдија дека ЖЕНИТЕ во СН финансиско друштво МОЖАТ