Од 10 најпродавани телефони во 2022 година дури 8 се телефони на Apple

- Advertisement -

Samsung со години држи доминантна полизиција на пазарот на паметни телефони. Во текот на најголем дел од кварталите може да се пофали со најголем број продадени телефони, со тоа што доминацијата одвреме-навреме му ја нарушува Apple, кој во текот на неколку квартали во текот на изминатите години ја престигна јужнокорејската компанија.

Но, додека Samsung може да се пофали со најголем вкупен број продадени телефони, податоците за најпродаваните модели покажуваат малку поинаква слика. Имено, како што покажаа податоците на аналитичката компанија Counterpoint Research, од 10 најпродавани телефони во 2022 година дури 8 се уреди на Apple.

- Advertisement -

Најпопуларен телефон во 2022 година бил iPhone 13, кој има 5% удел од глобалниот пазар на паметни телефони, односно 28% од сите продадени iPhone телефони минатата година. Овој телефон бил најпродаван на најголем дел од пазарите. Второто место глобално го зазема iPhone 13 Pro Max, кој има 2,6% удел од пазарот, а на трето место се наоѓа iPhone 14 Pro Max, иако овој уред се најде во продажба во септември минатата година. На четврто место е Samsung Galaxy A13 (1,6% удел од глобалниот пазар), а после него со исто така 1,6% удел следува iPhone 13 Pro.

Потоа следуваат iPhone 12 со 1,5% удел, iPhone 14 (1,4% удел), iPhone 14 Pro (1,2% удел), а интересно е тоа што на деветто место се наоѓа iPhone SE, моделот претставен минатата година. Последното место на топ 10листата со најпродавани телефони во 2022 година го зазема Samsung Galaxy A03 со 1,1% удел од пазарот.

- Advertisement -

(Phone Arena)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -