Mercedes најави супербрзи полначи за автомобили во Германија и Франција

- Advertisement -

Германскиот производител на автомобили Mercedes направи планови за изградба на мрежа од станици за полнење електрични возила и открија дека до крајот на годинава планираат да овозможат супербрзо полнење во Франција и во Германија.

Велат дека изградбата добро напредува и се надеваат дека до ќетвртиот квартал од годинава ќе бидат поставени полначите во Германија и во Франција, а во САД планираат да изградат 20 паркови за полнење со по неколку полначи.

- Advertisement -

Германскиот производител веќе ги најави своите планови за поставување на 10.000 станици за полнење електрични автомобили ширум светот до крајот на оваа деценија. Клиентите на Mercedes ќе имаат приоритет во пристапот до станиците за полнење со до 350 киловати моќност, на пример, преку еден вид на резервација.

Компанијата инвестира милијарди евра во овој проект. Околу 200 станици за полнење ќе бидат изградени во САд и во Европа, а остатокот ќе бидат распоредени во Кина и на други битни пазари. Во сегментот полначи за електрични возила Mercedes во глобален контекст е позлаб играч со оглед на тоа дека американскиот производител Tesla веќе има околу 45.000 станици за полнење на глобално ниво.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -