Samsung најави изградба на 5 фабрики за полупроводници во наредните 20 години

- Advertisement -

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung најави инвестиција од над 200 милијарди евра во период од 20 години во склоп на планот на компанијата да се поттикне производството на полупроводници. Инвестициите ќе бидат фокусирани на изградба на пет фабрики за полупроводници, пишува BBC.

Samsung е најголемиот светски производител на мемориски чипови, паметни телефони и телевизори. На компаниите во технолошкиот сектор Сеул има намера да им понуди субвенции од типот на даночни олеснувања и инфраструктура.

- Advertisement -

Мегакластерот ќе биде клучна база на нашиот екосистем за полупроводници, соопштија од јужнокорејското Министерство за трговија, индустрија и енергетика. Владата планира да обезбеди околу 395 милијарди инвестиции во приватниот сектор и да создаде услови кои на Јужна Кореја треба да и гарантираат водечка позиција на жестокиот глобален пазар за технолошки компании.

Јужна Кореја сака до одредена мера да го имитира тајванскиот модел на кластери на научни паркови кои привлекуваат бројни други компании во синџирот на снабдување, и во производство и во истражување и развој, вели за BBC аналитичарот Пол Триоло од компанијата Albright Stonebridge Group.

- Advertisement -

И САД сака да обезбеди водечка позиција во секторот во конкуренција со Кина. Во октомври минатата година најавија дека компаниите кои извезуваат чипови во Кина мора да добијат дозвола ако користат американски алатки или софтвер, без оглед на локацијата на производство.

Јужнокорејското Министерство за трговија предупреди минатата недела дека американскиот Закон за чипови може да ја продлабочи неизвесноста во работата, да ги прекрши управувачките и технолошките права на компаниите и да ја намали атрактивност на САД за можни инвестиции.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -