Ако не знаете да флертувате, вештачка интелигенција ќе го направи тоа наместо вас

- Advertisement -

Пронаоѓањето љубовен партнер никога не било лесна задача, а сега станува понеобично. Имено, поранешни вработени во апликацијата за спојување Tinder направија апликација која ќе ве наежи, а која целосно го автоматизира процесот на додворување.

CupidBot за 15 долари месечно (во бета верзијата, а потоа 30 долари) користи алгоритам на вештачка интелигенција кој за корисниците избира жени врз основа на нивните податоци и тоа според претходните партнери на корисниците.

- Advertisement -

Тоа само по себе не би било спорно ако во процесот на изборот вешталката интелигенција не се фокусира само на жени кои со физичкиот изглед одговараат на жените со кои корисниците претходно биле во врска. Од CupidBot не појаснуваат како точно алгоритамот утврдува која жена ги исполнува критериумите, а која не, но се претпоставува дека системот ги скенира лицата на фотографиите и така ги филтрира тие што не се слични.

Покрај тоа што вештачката интелигенција го обработува изборот, CupidBot го обработува и најлошиот дел – пробивањето на мразот и испраќањето ан првите пораки. Имено, вешталката интелигенција се маскира како корисникот и испраќа пораки до сите жени кои ги исполнуваат критериумите. Дури и разменува пораки и флертува со избраните жени, а притоа со ништо не открива дека од другата страна не се наоѓа човек, туку алгоритам.

- Advertisement -

Таквото допишување трае додека жената не прифати да оди на состанок или му го даде бројот од телефон на алгоритамот. Во тој момент апликацијата испраќа известување до корисникот што се случило – дека добил број на телефон од жена со која вештачката интелигенција се допишувала во негово име или пак, договорила состанок.

На страницата на CupidBot велат дека го интегрираат својот бот со профилите на Instagram или Facebook за да ги спојат само со луѓето кои ги познаваат. Загрижувачки е тоа што оваа апликација може да фунцкионира на сите апликации за барање партнери, да договори состанок со некого, а корисникот лично да не разменил ниту една порака.

- Advertisement -

Од CupidBot велат дека ги советуваат своите корисници да бидат отворени со жените и да им кажат дека со нив се допишувала вештачка интелигенција.

(Zimo)

(фото: CupidBot)

Сподели!
- Advertisement -