ВИДЕО: Лансирана првата 3Д печатена ракета во светот

- Advertisement -

Првата 3Д испечатена ракета во светот полета денес наутро од Кејп Канаверал на Флорида. Ракетата Terran 1 без екипаж поелта после две одложувања поради проблеми со температурата на погонското гориво и проблеми со притисокот во горивото.

Terran 1 – двостепена, 33,5 метри висока и 2,3 метри широка ракета, е најголемиот 3Д испечатен предмет кој се обидел да лета во орбитата, велат од Relativity Space, приватниот стартап од Калифорнија кој ја направи ракетата.

- Advertisement -

Биле испечатени 85% од масата на ракетата, а Relativity Space сака тој процент да го зголеми на 95%. Во првиот лет ракетата требало да стигне во орбитата за 8 минути. Ако успееше во тоа, калифорнискиот стартап би бил првата вселенска компанија во приватна сопственост која успеала тоа да го направи од првото лансирање.

Меѓутоа, аномалијата после 5 минути летање значела дека ракетата не стигнала до орбитата. Ракетата Terran 1 ја достигнала точката Max-Q , во која ракетата доживува најголем динамички притисок.

- Advertisement -

Денешното лансирање потврди дека технологијата за 3Д печатење ракети на Relativity функционира и ќе овозможи во иднина следното нивно возило, Terran R, да стигне до орбитата.

Terran 1 е дизајниран за носење до 1.250 кг товар во ниската орбита на Земјата.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -