Кид експо, првиот саем за деца во Македонија кој ќе се одржи на 8ми и 9ти април во Александар Палас со почеток од 10:00 до 19:00 часот.
Саемот е во ко-организација на Babyshop.mk и Боттега Евенти.
Идејата вирее неколку години, но поради кризата со Ковид 19, истиот не беше возможно да се реализира. Конечно го дочекавме правиот момент за да направиме навистина нешто поразлично во кое се вложивме целосно како тим, за што веруваме дека ќе успееме да направиме настан за памтење, кој ќе прерасне во традиција и долго ќе трае.
Идејата е да понудиме поинакво искуство за целото семејство и да излеземе малку од рамките на класичен саем како што сме навикнати да посетуваме. Ваков тип на саем до сега се нема случено кај нас, што ни претставува уште поголем предизвик за реализација. Под еден покрив ќе понудиме изложувачи кои се внимателно одбрани и кои имаат одлични и квалитетни производи за децата, од едукација и игри, облека и додатоци, играчки, опрема и мебел, здравје и козметика, храна и пијалоци. Покрај изложбено-продажните штандови, на Кид Експо организираме и Ринг со креативни и спортски работилници, концерти и претстави на Големата сцена, едукативни и интересни предавања за родителите и децата. Она што дополнотелно самиот настан го прави поинтересен е што дел од изложувачите на производи или услуги на самите штандови ќе имаат интерактивно претставување што дополнително ќе ги направи среќни и задоволни дечњата.
Програмата е веќе објавена на нашата веб страна и истата може да се погледне.
Она што сакаме да го потенцираме е дека работилниците ќе бидат со претходна пријава и ограничен број на деца се со цел ефикасни и ефективни работилници во кои присутните нависитина ќе уживаат. Пријавувањњто ќе биде овозможено преку веб страната www.kidexpo.mk, неколку дена пред настанот. Доколку за некоја работилница нема доволен број на пријавени, на самиот настан ќе имаме пулт за пријава.
Со ова, сакаме да ги поттикнеме сите кои се заинтересирани да поминат поинаков и возбудлив викенд, навремено да ги набават своите карти и навремено да се пријават на работилниците.
Картите може да се купат онлајн на https://kidexpo.mk/product/kupi-karta/ и чинат 200 денари, додека они кои ќе сакаат да купат на врата картата ќе чини 250 денари. За деца под 2 години, влезот е бесплатен. Во цената се вклучени сите работилници, спортски активности, предавања, концерти и забава. Посетителите ќе можат директно да купат производи од изложувачите или пак да си го резервираат производот, во зависнот од приципот на работа на самиот изложувач.
Со нетрпение ги очекуваме 8-9 април, со надеж дека ќе имаме насмеани и задоволни посетители.