Кирил и Кристијан од Ресен се национални победници на Европскиот квиз на пари 2023

- Advertisement -

Во организација на Македонската банкарска асоцијација, а во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, денеска се одржа финалето на националниот натпревар Европски квиз на пари 2023.

Во првиот круг биле избрани најдобрите три тима во земјата, од вкупно пријавените 391 од 76 основни и средни училишта. На македонски јазик се натпреварувале 379 тимови, а 16 се натпреварувале на албански јазик.

- Advertisement -

Победнички тим на националното финале се Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од основното училиште „Мите Богоевски“ од Ресен, под менторство на наставничката Соња Стрезовска. Овој тим ќе ја претставува нашата држава на европското финале што на 16 мај ќе се одржи во Брисел, Белгија.

Второто место го освоија Благоја Трајчески и Теодора Трпоска од средното училиште „Јане Сандански“ од Битола, додека третопласирани се Никола Павловски и Дарија Јакимовска од основното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Илинден.

- Advertisement -

Македонија по петти пат учествува на Европски квиз на пари – проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска писменост на ученици на возраст од 13 до 15 години.

Сподели!
- Advertisement -