Европскиот парламент го одобри Законот за дигитални паричници

- Advertisement -

После години расправи и неизвесност, европските законодавци со мнозинство гласаа за создавање дигитални паричници за граѓаните на ЕУ. Предлогот на Европската унија за законска рамка за дигитален идентитет (European Digital Identity – eID) беше претставен во јуни 2021 година и дури сега помина на пленарното гласање на Парламентот со 418 гласови за.

Европската комисија по прв пат го претстави предлогот на 17 јуни 2021 година. Иако изразија поддршка за планот, пратениците тогаш изразија загриженост во врска со дигиталната поделба. На пример, една од најголемите грижи на пратениците и денес е воведувањето дигитални паричници за технолошки необразованите жители. Освен тоа, решението кое се предвидува мора да биде безбедно, а заштитата на податоците мора да е приоритет.

- Advertisement -

Како резултат на тоа, барањето докази за нулта знаење (zero-knowledge proofs) е додадено во законската рамка на европскиот дигитален идентитет на 9 фервуари годинава. Имплементацијата на овој протокол ќе ги реши безбедносните грижи кои беа предмет на расправа од првото претставување на предлогот.

Употребата на технологија за докажување на нулта знаење ќе ја заштити приватноста на корисниците во максимална мера затоа што имплементацијата на докази за нулта знаење значи дека податоците ќе бидат шифрирани и обезбедени со помош на единствен кориснички клуч.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: eID)

Сподели!
- Advertisement -