Илон Маск претстави нов куќен полнач за електрични автомобили

- Advertisement -

Илон Маск и неговата компанија Tesla најавија куќен полнач за електрични автомобили наречен CyberVault, кој изгледа како дополнение за нивниот футуристички електричен автомобил Cybertruck, но не е познато кога ќе може да се купи, барем надвор од Кина.

„Tesla CyberVault е создаден за кинескиот пазар. Тежи 13 кг и сосема прилега на дизајнот на Cybertruck. Производот е интегриран во заштитна надворешна кутија и има опрема за полнење соодветна на потребите за полнење на корисниците од аспект на безбедноста, економичноста, естетиката и истрајноста“ велат од Tesla.

- Advertisement -

Како што пренесува Electrek, освен самиот полнач, во пакет доаѓа и опремата потребна за инсталација. Имено, во пакетот со Tesla CyberVault доаѓа кабел од 30 метри и потребната опрема за поставување на основата, како и 12-месечна гаранција.

Новиот Tesla CyberVault се продава по цена од околу 800 долари.Останува да се види кога CyberVault ќе може да се купи во САД и во Канада. Не е тајна дека Северна Америка и Европа се соочуваат со висока инфлација, па производството на CyberVault на овие пазари или дури и самата продажба таму не е исплатлива. Исто така, Кина е најбрзорастечки пазар за електрични автомобили, па логично е Tesla да се обиде за зграби што поголемо парче од тој колач пред своите конкуренти.

- Advertisement -

Сепак, Tesla ќе мора да конкурира и на американскиот и на европскиот пазар, па веројатно CyberVault или некоја верзија од него ќе излезе надвор од Кина.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -