Илон Маск веќе спомена дека работат на многу евтин модел на Teslа, чија цена треба да се движи околу 25.000 долари, а иако општиот впечаток е дека ќе треба доста да почекаме додека тој автомобил се најде на пазарот, последните информации кои ги пренесе сајтот Electrek велат дека се работи на подготвоките за негово претставување. Тие информации се базирани на извори поврзани со синџирите за набавка и никој од Teslа досега ги нема потврдено,
Сепак, со оглед на тоа што Volkswagen неодамна го најави лансирањето ан својот концепт електрично возило со цена од околу 25.000 долари, тоа е сигнал за екипата на Teslа дека мора да го забрзаат развојот на својот најевтин автомобил досега.
Наводно, компанијата ги подготвува капацитетите за производство на 4 милиони примероци од ова возило годишно. На интернет претходно се појавија скици од автомобилот, за кој се очекува дека ќе биде сличен на Model Y, но со помали димензии и досег од околу 400 км со едно полнење на батеријата.
Кога Маск ќе го претстави тој автомобил воопшто не треба да се сомневаме дека ќе стане хит во светот, особено затоа што во иднина се очекува огромен скок на продажбата на електрични автомобили. Токму Tesla е доминанта компанија на овој пазар, а со поевтин подел дополнително би го зголемила својот удел на пазарот.
Годишното производство од 4 милиони такви автомобили Tesla треба да го оствари со производните капацитети на неколку фабрики, вклучувајќи ја и новата фабрика која допрва треба да почне да се гради во Мексико. .
(Elektrek)
(фото: Flickr)