Во хотел „Театар“ се враќаат спомените од златните времиња на градот на конзулите

- Advertisement -

Луѓето кои често патуваат многу добро знаат дека хотелите не се само кревет за преспивање и топол туш, туку многу повеќе: искуство кое треба да се доживее, чувство кое ќе се понесе со себе и препорака која ќе се даде некому.

Еден таков хотел, полн со емоции и од кој си одите со полна душа е хотелот „Театар“ во Битола, кој благодарение на Проектот за локална и регионална конкурентност, денес има поголем капацитет, побогата понуда и повеќе гости.  

- Advertisement -

Благодарение на овој проект го проширивме нашиот сместувачки капацитет со ентериерно уредување на староградската куќа Театар, која е одличен репрезент на  стилот на градската архитектура од почетокот на ХХ век. Располагаме со осум нови легла, кои активно ги користиме од нејзиното отворање. Дополнително ја реновиравме и доопремивме конференциската сала во која се одржуваат конференции и настани за кои претходно немавме можност да ги понудиме како услуга“, велат сопственичките на овој хотел, Ивана Скалидис, Гордана Ристовска и Софија Ристовска.

Овој хотел во срцето на Битола е уникатен по многу нешта. Тој е повеќе од хотел. Има служено и како сцена за снимање и подготовка на фотосесии, а по најновите инвестиции преку овој проект, „Театар“ е место каде може да се научи и готвење.

- Advertisement -

„Новина е што опремивме show kitchen, простор во кој новоизградената фурна е атракција и за странските, но и за домашните гости. Можноста да учествуваат во приготвувањето на храната, особено домашни пити и леб, е доста привлечна атракција за нашите гости“, велат оттаму.

Секако, „Театар“ не би бил горд носител на своето убаво име ако не понуди доживување на сценската уметност. Посебна понуда овде е раскажувањето на приказни за време на заедничкото готвење. Раскошните „мадам“ одела се креирани по модата на ала франга и тие даваат посебна круна на приказната. Туристите возбудливо ја играат улогата во времето на „La BelleÉpoque“ и особено за гостите од дијаспората ова претставува уникатна можност да ги доживеат спомените од нивното детство и да се потсетат како живееле нивните баби и дедовци.

- Advertisement -

Староградската куќа Театар ја нудиме на сајтовите за резервации Booking.com и AirBnB, каде имаме висок рејтинг. Со овој проект успеавме да се искачиме скалило повисоко и успешно да нудиме иновативни понуди за туристите, организациите, културните установи и за локалното население“, потврдуваат гордо од менаџментот на овој хотел.

Во реализацијата на овој проект беа вложени 33.590 евра, од кои 16.585 евра од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, а 17.005 евра се средства инвестирани од страна на сопствениците на хотелот.  

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) беше проект финансиран од ЕУ насочен кон подобрување на придонесот на туризмот кон локалниот економски развој.

Сподели!
- Advertisement -