Инвестициите на Макстил оваа година ќе надминат 14 милиони евра

- Advertisement -

Макстил АД Скопје за оваа година планира да започне обемна инвестициска програма вредна 14.623.800 евра. Компанијата овие средства ќе ги насочи за унапредување на производствените процеси, за зголемување на безбедноста и заштита при работа за вработените, за зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на производите. Инвестициите ќе започнат оваа година, а дел од нив ќе имаат и подолг рок на имплементација од 12 месеци.

„Работењето во изминатите неколку години во период на здравствена, економска и енергетска криза и во вонредни услови и како се справивме со сите предизвици, ни го зацврсти уверувањето за значењето на Макстил за домашната индустрија и економија но и за важноста производните процеси постојано да се унапредуваат. Сите овие случувања ги дефинираа стратешките инвестиции во Макстил. Затоа за оваа година испланиравме голема инвестициска програма што ги опфаќа најсуштинските и најважните елементи од работата на компанијата, унапредување на производните процеси за зголемување на продуктивноста и капацитетите, обезбедување максимална безбедност и заштита на вработените, енергетска ефикасност како долгорочна стратегија, но и зголемен квалитет на производите со што ќе изградиме поголема конкурентност на пазарот“, велат од Макстил.

- Advertisement -

Покрај вложувањето во работењето на компанијата, Макстил, исто така продолжува со програмата за општествена одговорност преку активен ангажман во заедницата.

Инвестицискиот план е веќе одобрен од Одборот на Директори на Макстил и неговата реализација започнува од вториот квартал на годината. 

Сподели!
- Advertisement -