Истражувачи направија батерија која се јаде

- Advertisement -

Тим од истражувачи од Италијанскиот институт за технологија направи батерија која може да се јаде. Батеријата е направена од материјал кој инаку се консумира како дел од нашата секојдневна исхрана. Може да се применат во здравствена дијагностика, за следење на квалитетот на храната и во прехранбената мека роботика.

Студијата ја направи Марио Каирони, координатор на Лабораторијата за печатена и молекуларна електроника на IIT центарот. Каирони се фокусирал на проучување на електронските својства на храната и на нејзините нуспроизводи за да ги соедини со материјали кои може да се јадат и да создаде нови електронски уреди кои може да се јадат.

- Advertisement -

Таквата електроника е поле кое допрва ќе се развива и би можело да има големо влијание на дијагностиката и лекувањето болести на гастроинтестиналниот тракт, како и на следење на квалитетите на храната. Еден од најголемите предизвици во развојот на електронски ситеми кои може да се јадат е реализацијата на извори на енергија кои може да се јадат.

Истражувачкиот тим од IIT се инспирирал од биохемискиот Редокс на реакции кои се случуваат во сите живи суштества и разви батерија која користи рибофлавин (витамин Б2, кој го има на пример во бадемите ) како анода и кверцетин (додаток во исхраната присутен во кспари ) како катода. За зголемување на проводливоста искористиле активен јаглен, одела електролитите бил на база на вода. Сепараторот е направен од мори алга, вид кој се наоѓа во суши. Потоа електродите се инкапсулирани во пчелин восок, од кој излегуваат два златни контакти за храна на подлога добиена од целулоза.

- Advertisement -

Батеријата ќелија работи на 0,65 V,што е доволно за да не прави проблеми во човечкото тело.

Студијата е објавена во списанието Advanced Materials.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -