Мистериозната Трансилванија ќе биде домаќин на 12та едиција на Balkans International Wine Competition 2023 во јуни

- Advertisement -

Натпреварот Balkans International Wine Competition 12та година по ред ќе се одржи од 1ви до 3ти јуни во Бистрита Насауд, Трансилванија, Романија под покровителството на оптина Бистрита Насауд, додека отворениот саем Balkans Wine Festival ќе се одржува во Софија, Бугарија од 15ти до 17ти јуни 2023.

„Balkans International Wine Competition е најдобар доказ за динамичноста на Балканската винска сцена како и за квалитетот на вината од овој регион. Натпреварот расте последната декада заедно со најновите случувања во винарството и потенцијалот е сѐ уште голем. Во текот на изминатите години, настана правило вината кои први се наградувани на натпреварот добиваат признанија на многу поголеми вински натпревари и стануваат иконски. Причината за ова е во посветената работа на целиот BIWC тим кој е воден од Галина Нифороу, како и во внимателната селекција на искусни и почитувани интернационални вински судии од целиот свет. Имам голема чест да водам натпревар од ваков размер. Оваа година, BIWC ќе оди во Романија за прв пат, за која сум сигурен ќе донесе нов квалитет на натпреварот“ кажа Претседателот на BIWC Игор Лукович од Србија.   

- Advertisement -

После големиот успех од минатогодишното 11то издание на историскиот остров Саламина во Грција, BIWC продолжува со ротација на местото на одржување, и оваа година Романија ќе биде домаќин на 12тото издание. Целта на ротацијата на најпрестижниот вински натпревар на Балкански вина е подобра интеграција на винариите од сите Балкански земји и подобра изложеност во регионот и Европа.

„Многу е возбудливо за нас што ја имаме можноста да го спроведеме 12тото издание на BIWC во мистериозната Трансилванија! Продолжуваме во новата едиција со многу оптимизам и енергија да ги направиме Балканските вина уште позабележливи и да ги позиционираме на повеќе места на светската винска мапа. Претседавањето на Игор Лукович доведе до нови идеи и активности за BIWC и целиот тим е благодарен за тоа. Неколку пати веќе лично ја посетив општината Бистрита Насауд и се вљубив во живописниот пејсаж во регионот, гостопримството и секако одличните вина! Во име на BIWC тимот, би сакала да се заблагодарам на Бистрита Насауд општината за топлото добредојде и за големата поддршка при организирање на BIWC таму. Им посакувам среќа на сите винарии кои ќе учествуваат на Balkans International Wine Competition 2023!“ кажа Галина Нифороу, Оперативен директор на BIWCF.

- Advertisement -

Главната мисија на BIWCF е да се промовираат Балканските вина и Балканската винска култура низ целиот свет. Почесниот претседател на натпреварот, Константинос Лазаракис е првиот носач на титулата Master of Wine (MW) во Грција и на Балканот.

Најдоброто вино на Балканот ќе биде одбрано од престижно жири составено од 25 луѓе и оваа година вклучува 5 носачи на титулата Master of Wine и Master Sommelier од Јапонија, САД, Велика Британија, Франција, Швајцарија и познати вински ликови од целиот свет и регионот. После натпреварот, се организира изложба на 4ти јуни во дворот на Complexul Muzeal Bistria-Nasaud, на која се поканети бизнис претставници, сомелиери, дистрибутери и љубители на вино од Романија и пошироко.

- Advertisement -

Со произведени 11,5 милиони хектолитри годишно, Балканот рангира 4ти регион во Европа, веднаш зад најголемите земји-производители во светот: Италија, Франција и Шпанија. Балканскиот Интернационален Вински Натпревар е настанот кој ги обединува светските вински елити да ги видат, да се напијат и да го откријат богатството и диверзитетот на Балканските вина.

Церемонијата за доделување награди и Гала вечерата, познати како „Балканските Оскари“, ќе се одржува годинава на 3ти јуни во замокот Телеки во Посмус. Изграден во 1634, замокот го одзема здивот на секој што ќе има прилика да влезе. Судењето исто така ќе се одвива во замокот. На претходното издание, Гранд трофејот за „Најдоброто вино на Балканот 2022“ го доби македонската винарија Тиквеш за Бела Вода Бело 2020.

Фото -Pxfuel

Сподели!
- Advertisement -