Со „Трајни културни вредности“ Халкбанк го афирмира културното наследство

- Advertisement -

Традицијата е составен дел од културата и од историјата на секој народ. Водени од идејата дека без традиција нема вредности, а без минато нема иднина, Халкбанк АД Скопје го започна проектот „Трајни културни вредности“.

Во рамките на овој подвиг банката се осврнува на богатото културно наследство на Македонија. Црпејќи од овој непресушен извор, преку традицијата, културата и уметноста, таа создаде корпоративен брендинг со мотиви од народни носии од различни краишта на земјава, од ретки археолошки предмети стари со милениуми, од „Тешкото“, од црквите и џамиите кои се прогласени за споменици на културата. Една од главните инспирации се и делата на доајените на македонската ликовна уметност: Никола Мартиноски, Борко Лазески, Јордан Грабулоски-Грабул, Димитар Кондовски.

- Advertisement -

Халкбанк денеска се приклучува кон одбележувањето на 18 Април, Светскиот ден на културното наследство, кој под закрилата на УНЕСКО, од 1982 година се одбележува во целиот свет и кај нас.

– Преку нашите „Трајни култури вредности“ сакаме да потсетиме и да придонесеме во промоцијата на нашето културно наследство. Македонската култура и традиција се непресушен извор на инспирација. Тие се дел од нашето секојдневие. Ги искористивме за да создадеме современи визуелни решенија и преку нив да потсетиме какви богатства создавал нашиот народ. А, овој ден е идеален за нивното споделување – вели Маја Наумовска-Савеска од Халкбанк.

- Advertisement -

Во рамките на проектот создадени се многу креативи, модерни графички дизајни инспирирани од специфични делови од нашето севкупно од културното наследство, видеа и пораки за негово зачувување, промоција и афирмација.

Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка во Македонија и една од петте најуспешни. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството и вистинските, трајни вредности.

- Advertisement -

Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката и културната свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики.

Преку „Трајни култури вредности“, Халкбанк се навраќа и на корените. Зашто без традиција нема вредности, а без минато нема иднина.

Сподели!
- Advertisement -