Еквадор објави дека нивната неодамнешна експедиција дошла до неочекувани битно откритие. Имено, во близина на островот Галапагос научниците пронашле нов, досега неотриен корален гребен со буен морски живот. Гребенот е долг околу 2 км и се наоѓа на врвот на подморска планина, околу 400 метри под површината на морето.
Досега се сметаше дека само еден гребен кај Галапагос ги преживеал временските непогоди на ураганот Ел Нињо на почетокот на 80-тите години од минатиот век. Ефектите на Ел Нињо се почувствуваа ширум светот во форма на поплави, суши, недостиг на снег на местата каде што постојано го има, многу урагани и други временски непогоди. Настрадаа и коралните гребени и научниците веруваа дека околу Галапагос останал само гребенот Велингтон.
Новото откритие на научниците покажа дека Велинготн сепак не е единствениот корален гребен кој преживеал и дека на новооткриениот корален гребен има над 50% живи корали, објавија на Reuters. Според експертите, овој гребен е стар најмалку неколку илјади години.
(Zimo)
(фото: Pxhere)