Дали некогаш сте започнале некој ден со намера да ги завршите сите обврски, но до средината на денот се прашувате што се случило со вашата продуктивност? Решаваеето на малите проблеми кои постојано се појавуваат како што се имејловите и телефонските повици, може да фе исфрли од колосек, вели авторото на книгата „18 Minutes: Find Your Focus, Master Distraction, and Get the Right Things Done“, Питер Брегман.
„Со сета наша технологија многу е лесно да се изгуби фокусот. Всушност, дистракциите главно ги прифаќаме затоа што ни овозможуваат да се одмориме од работата, која бара одреден напор и ни ја троши енергијата“ вели авторот.
Тајната на ефикасното управување со дистракциите и со времето е во создавањето ритуали, вели Брегман. Тоа треба да биде процес кој го следиме, што и да се случи и кој не држи фокусирани нна приоритетите во текот на целиот ден.
Пред да го почнете денот или да го проверите својот имејл, на хартија напишете ги дневните задачи кои треба да ги завршите за денот да ви биде успешен. Потоа земете го календарот и распоредете ги работите во одредено време, препорачува Брегман.
„Многу е битно кога ќе правите нешто. Најтешките и најбитните активности ставете ги најрано во текот на денот, кога има најмалку пречки во работата и кога сте најфокусирани” советува авторот.
Наместете го алармот на мобилниот телефон или компјутер да се вклучува на секој час во текот на денот. Кога ќе се вклучи алармот, прашајте се дали последниот час сте го искористиле продуктивно. Брегман вели дека овој ритуал ќе ви помогне да се вратите на правиот пат ако нешто ви го одвлекува вниманието.
На крајот на денот прегледајте што е функционално добро, на што сте најмногу фокусирани и кога ви се намалуваат продуктивноста и вниманието. Дали сте ги исполниле задачите и што утре можете да направите подобро.
На пример, ако сте правеле многу работи наутро, но ви било премногу тешко да се фокусирате попладне, размислете за тоа во календарот да напишете која работа бара концентрација што е можно порано. Оставете ги другите задачи како проверката на имејловите или статистиките за попладне, вели Брегман.
(Bizlife)