Јадранот останува без риби – ќе ги има уште 20-ина години

- Advertisement -


Наташа Калауз, извршена директорка на Светскиот животински фонд за Јадранскиот регион (WWF Adria), вели дека според конзервативните проценки, околу 2050 година во Јадранското Море повеќе нема да има риби.

„Значи, имаме уште можеби 20-ина години за да јадеме риби, а потоа нашите деца нема да имаат риби во морето, барем не како што имаме ние денес. Проблемот со неконтролираниот риболов е целосно надвор од контрола. Додека не почнеме да разбираме дека тоа е нешто што многу тешко ќе ни падне, не знам колку ќе бидеме спремни за таа промена“ вели Калауз.

- Advertisement -

Потоа се осрвнува на цела низа последици кои веќе ги трпат луѓето во тој регион.

“Освен што имаме елементарни непогоди и екстремни временски услови, поради климатските промени имаме и поголем притисок врз јавниот здравствен систем. На пример, сезоната на алергии е значително продолжена. Имаме многу повеќе луѓе кои имаат здравствени тегоби поради алергиите, кои се директно поврзани со климатските промени. Потоа, имаме влез на инвазивни врсти во морето, каде што ги немало претходно и сега ги загрозуваат домицилните врсти“ објаснуваа Калауз.

- Advertisement -

Но, тоа не единствениот проблем. Калауз укажува и на прашањето за сечењето на шумите, што зад себе остава страшни последици во форма на големи поплави и одрони. Природата е закон на споени садови. Ако елиминирате една работа, сте го загрозиле целиот поредок и екосистемот. Човекот е само дел од тој екосистем, предупредува таа.

Извршната директорка на WWF Adria вели дека е забележан и пораст на заболени од хипертнезија или висок притисок. Значи, луѓе кои умираат поради климатските промени. Само минатата година во Европа умреле 15.000 луѓе поради тие последици. Проблемот со хипертензија е еден од топ три проблеми и причини за смрт. Корелацијата меѓу порастот на температурите и болестите кои се директно врзани за таквите проблеми е многу јасна, објаснува Калауз.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -