Џонсон Мети e најпосакувана странска компанија за вработување во Македонија

- Advertisement -

Вчера 27.04.2023 во Хотелот Лимак за прв пат се случи манифестацијата „Работодавач на Годината“ во организација на првиот сајт за пребарување на работни места ВРАБОТУВАЊЕ.КОМ

На манифестацијата замислена како Оскари за работодавачите, во свечена атмосфера, беа врачени статуетки на најпосакуваните компании за вработување во земјава. Беа доделени награди во 7 категории.

- Advertisement -

Наградата во категоријата Најпосакувана странска производствена компанија за вработување во Македонија и припадна на компанијата Џонсон Мети, компанија со долгогодишно искуство и воспоставени системи за стандарди и квалитет.

Наградата е вистинско признание за сите членови на тимот кои Џонсон Мети  го прават одлично место за работа! Наша вредност е да работиме безбедно и со почит, секогаш да ја правиме вистинската работа и да враќаме кон нашите заедници како камен-темелник на нашата ДНК. Остануваме фокусирани на нашата мисија да спасиме животи со тоа што воздухот го правиме почист. Продолжуваме да инвестираме во нашата трансформација и нашиот иден раст преку таленти од светска класа. Навистина сум возбуден за нашите идни можности, како за ЏM, така и за нашите вработени“ – Боријан Борозанов, директор за производство Централна Источна Европа.

- Advertisement -

„Да се ​​добие наградата најдобар и најпосакуван работодавач за 2022 година е голема чест. Ја разбираме важноста од инвестирање во нашите луѓе и верувам дека овој фокус значително придонесе за нашиот успех. Нашата стратегија за луѓе, заедно со развојот на таленти на нашите тимови, создава ангажирана и висококвалитетна култура што ја очекуваат нашите вработени од нас“ – Ана Апостолова, менаџер за човечки ресурси.

Наградите најпосакуван  работодавач се доделуваат врз база на три критериуми: Број на посети на огласите и објавите на сајтот Вработување.ком, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно анкетно истражување спроведено на сајтот Vrabotuvanje.com.mk.

Сподели!
- Advertisement -