ВИДЕО: Наскоро почнува продажбата на електричен автомобил со цена помала од 10.000 долари

- Advertisement -

Електричните автомобили се прилично скапи во однос на бензинците и дизелашите од иста категорија и за многумина тоа е главната причина зошто не купуваат електрични автомобили. Но, автомобилот MG Comet е доказ дека денес може да се најде електричен автомобил поевтин од 10.000 долари.

Компанијата MG го претстави Comet минатиот месец најпрвин на индискиот пазар. Станува збор за возило со минијатурни димензии, во кое може да се возат до четворица патници. Има батерија од 17,3 kWh, која според сертификациите, треба да издржи околу 230 км меѓу две полнења.

- Advertisement -

За да се наполни батеријата на полнач дома од 0 до 100% потребни се 7 часа, додека за полнење од 10% до 80% потребни се 5 часа полнење. Автомобилот има двоен систем на воздушни перничиња, ABS со автоматско кочење ако има потреба и ISOFIX за детски седишта.

Сега е позната и цената. Возилото е достапно во три верзии – најевтината е 9.760 долари. Таа основна верзија ќе има црн енетериер, инфотеинмент екран со дијагонала од 7 инчи и странични сензори за паркирање.

- Advertisement -

Верзијата Play има цена од 11.350 долари и енетериер во нсива боја, два екрани со дијагонала од 10,25 инчи, и покрај сензорите за паркирање, има и камера за паркирање. Има и Android Auto и Apple Car Play, како и посебен систем iSmart со опции за управување со автомобилот, како и гласовна контрола.

За 12.200 долари достапна е верзијата Plush која има и дополнителна апликација Bluetooth Digital Key за споделување на автомобилот со други корисници.

- Advertisement -

(Arena EV)

(фото: MG Motor)

Сподели!
- Advertisement -