Германија е земја со најголем број целосно електрични автомобили, а вкупниот број во земјите во ЕУ надмина 3 милиони. Според последните податоците на Евростат, во Германија се возат над 1 милион целосно електрични автомобили (1.089.854). Следуваат Велика Британија со 641.801, Франција со 605.791, Норвешка со 603.697, Холандија со 318.485, Шведска со 205.212 и Италија со 167.213.
Во 2022 година бројот на овие целосно електрични автомобили во земјите од ЕУ пораснал за 58% во однос на 2021 година од 1,9 милиони на 3,1 милиони. Меѓу 2019 и 2022 година бројката пораснала за над 400%.
Кога е во прашање уделот на електричми возила во вкупниот број на автомобили, тој сега изнесува 76 на 10.000 возила. Гледајќи ги процентите, предничи Норвешка со 15,5% од сите автомобили кои се целосно електрични. Следуваат Холандија со 2,8%, Данска со 2,4%, Шведска со 2,2% и Исланд со 2,2%. Во Германија со удел е 1,3% , во Велика Британија е 1,2% и во Франција е 1%. Најниска стапка на електрични возила имаат Кипар, Полска, Бугарија и Чешка – 0,1%.
Германија предничи по бројот на новорегистрирани целосно електрични автомобили. Во 2020 година во земјата биле регистрирани над 350.000 целосно електрични возила, а зад неа се Велика Британија со 190.727, Франција со 162.167 и Норвешка со 113.751. На дното се Кипар , Летонија, Бугарија и Естонија со помалку од 1.000 возила.
Пред 10 години, во 2013 година, податоците на Евростат покажуваат дека имало 52.000 целосно електрични автомобили во ЕУ. Патничките автомобили се одговорни за околу 12% од вкупната емисија на јаглерод диоксид во ЕУ.
(N1)
(фото: Pxhere)