- Advertisement -
Во Москва беше претставен Atom, првиот функционален модел на руски електричен автомобил. Акционерското друштво Kama, зад чие име се кријат Сергеј Гогогин и Рубен Варданијан, планираат да ја тестираат батеријата, системот за управување и шасијата до крајот на оваа година.
Првиот руски електричен автомобил ќе биде произведен до крајот на 2024 година, а сериското производство и масовната продажба ќе почнат на средината на 2025 година, изјави генералниот директор на компанијата Kama, Игор Повараздњук.
- Advertisement -
Рускиот електричен автомобил Atom нема да се продава само на рускиот пазар. Планирано е автомобилот да се продава и во Кина, во југоисточна Азија, во Турција и во Индија, се вели во соопштението.
(Bizlife)
- Advertisement -
(фото: YouTube)
- Advertisement -