Крипто милијардерите за една година изгубиле имот вреден вкупно 110 милијарди долари, соопшти Forbes. На листата со милијардери на овој престижен магазин кои богатството го стекнале во бизнисот со криптовалути во 2022 година имаше 19 лица, чиј имот тогаш беше проценет на 140 милијарди долари.
Годинава 10 од тие 19 од минатогодишната листа повече не се милијардери, а богатството на останатите 9 изнесува 30 милијарди долари. Според листата на Forbеs, најбогат крипто милијардер е основачот и шефот на берзата за криптовалути Bуnenсе, Чангпен Жао. Неговот богатство се проценува на 65 милијарди долари.
Втор на листата е соосновачот на крипто мрежата Riplе, Џед Мекејлеб, кој располага со богатство од 2,4 милијарди долари, што е благ пад во однос на минатогодишните 2,5 милијарди.
Зад него е шефот и соосновачот на крито берзата Сoinbаѕе, Брајан Армстронг, со 2,2 милијарди долари, кој минатата година вредел 6,6 милијарди долари.
На листата се и Крис Ларсен, Никил Вишнатаван и Џозеф Лау, близнаците Камерон и Тајлер Винклос, а последен на листата е Метју Розак.
Минатата година беше тешка за крипто милијардерите поради падот на берзата FTX и многу други правни спорови, а ситуацијата во САД може да стане и полоша ако државните органи преземат мерки против крипто заедницата, пишува Forbеs.
(Telegraf.rs)
(фото: Quote Inspector)