Одржан настан со европски пораки во Скопје: грижата за иднината започнува од почвите!

- Advertisement -

На 15.05.2023 во EU House – Скопје се одржа настанот NATI00NS „Здрава почва+зелени бизниси = инвестиции во нашата иднина“ кој ја стави и Македонија на мапата на 43 држави каде се спроведува овој проект. NATI00NS е европски проект финансиран во рамките на програмата HORIZON, координиран од Универзитетот Архус од Данска. Главната цел на NATI00NS е да допре до и да ги подготви регионалните и националните чинители од Европа да аплицираат и да имплементираат т.н Живи лаборатории (Living Labs), придонесувајќи за мисијата на ЕУ „Договор за почвата во Европа“.

Настанот во Скопје беше во организација на АРНО и Земјоделски институт – Скопје, со поддршка на БиоСенс Институт од Србија. Со поздравен говор на присутните се обратија  г. Трајко Димковски од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ирина Јаневска од АРНО и Марија Ѓошева Ковачевиќ од Земјоделски Институт – Скопје. По поздравните говори, преставничката од Институтот BioSense од Србија  го престави проектот Nati00Ns и со тоа се даде поширок контекст како и зошто се случува иницијативата во вкупно 43 држави. Присутните се информираа за концептите на живи лаборатории и светилници на знаење и грантовите поддршки наменети за нивно функционирање.

- Advertisement -

Живите лаборатории се иницијативи за соработка за заедничко градење на знаење и иновации. Тие се  дефинираат како трансдисциплинарни екосистеми за истражување и иновации фокусирани на корисникот, и вклучуваат повеќе релевантни партнери “ изјави Дајана Вујаклија од БиоСенс Институт.

Во делот на можности за поддршка се споделија информации за тековниот натпревар за зелени идеи на АРНО, отворен до 21-ви мај, како и информации за тековниот повик за поддршка на фондацијата Преда плус.

- Advertisement -

Локализација на темата се даде преку панел-дискусијата во моја учествуваа претставници од академската заедница (Душко Мукаетов од Земјоделскиот институт – Скопје и Кирил Сотировски од Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“), претставничка од Македонско еколошко друштво (Робертина Брајановска), Димитар Самарџиев – говорник од здружението „Зелената Арка“ и општествената градина „Бостание“ и Дејан Стојановиќ од социјалното претпријатие „ИнВиво“, кој зборуваше за биохумусот и вработувањето на лица со помалку можности.

Настанот заврши со заклучоци дека почвата како природен ресурс има природни, економски и општествени вредности и најважната порака која се упати е дека управувањето и грижата за почвите треба да е одговорност на научните, образовните институции, земјоделците, владините, невладините, граѓаните, и сите останати засегнати страни. По настанот следуваше коктел за вмрежување на  учесниците кои присуствуваа и апел за користење на платформата за понатамошно поврзување на чинителите која е обезбедена од самиот проект. 

- Advertisement -

NATI00NS е еден од деветте нови проекти избрани за подготовка на теренот за транзиција кон здрави почви до 2030 година од страна на Европската истражувачка агенција. NATI00NS ќе дејствува како гласник на мисијата, подигајќи ја свеста кај националните и регионалните засегнати страни, обезбедувајќи пристап до материјали и информации за градење капацитети, поттикнувајќи дискусии за најдобрo поставување на т.н  живи лаборатории (Living Labs) и спојување на партнери во силни кластери.

Преку 9 годишната имплементација на натпреварот „Зелени идеи“ АРНО стана чинител кој е препознаен по промоцијата на зелена социјална економија. Низ годините, македонските граѓани аплицираат со зелени бизнис идеи за одржливи земјоделски практики, производство на храна, кои во голема мера се потпираат на здрави почви, и искористување на други видови земјишта.

Земјоделскиот институт-Скопје е водечка истражувачка институција со богато знаење и експертиза за здравјето на почвата и одржливите земјоделски практики.

Партнерството помеѓу АРНО и Земјоделскиот институт-Скопје се заснова на заеднички заложби за промовирање одржливи зелени бизниси, заложби за важноста на здрави почви и заложби за едуцирање на граѓаните, особено младите. Партнерството на овие два ентитета e важно за пораката на настанот, која е градење на екосистеми, од долу нагоре.

Факти за почвата

  • Иако ја земаме здраво за готово, почвата е кревок, необновлив ресурс, во нашиот животен век кој треба да се чува за идните генерации и со кој треба внимателно да се управува.
  • За да се формира еден сантиметар почва требаат стотици години, но треба и многу малку за да се изгуби (едена дождовна бура или индустриски инцидент)
  • Се проценува дека помеѓу 60 и 70% од почвите во ЕУ не се здрави
  • Поради самите наши постапки, ја губиме почвата побрзо отколку што природата може дa jа создаде. Како што населението постојано расте, ние созаваме урбани области поплочувајќи некои од најпродуктивните обработливи површини.
  • Една третина од светската почва веќе е оштетена од ерозија на вода и ветер, уништување на шумите, трошењето на хранливи материи и загадување.
Сподели!
- Advertisement -