Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска на Меѓународниот аеродрoм Скопје се обрати на настанот по повод проширување на базата на авиони на авиокомпанијата Визер.
„Имаме успешна соработка со Визер, но и со други авиокомпании и сите заедно допринесуваме за развој на цивилното воздухопловство во земјава.
Оваа година ќе биде уште една рокордна и за тоа веќе сме на добар пат. Во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44 % повеќе во споредба со минатата година или раст од 11 % во споредба со 2019 година кога беше најдобра година со најголем број на превезени патници“, истакна тој.
Во овој момент со Визер може да се лета на близу 50 дестинации во Европа. Од есенва ќе воведе уште четири нови дестинации.