ВИДЕО: Роботски шах кој сам ги движи фигурите

- Advertisement -

Компанијата Particula направи роботски шах наречен GoChess, кој на платформата за групно финансирање досега собра над половина милион долари. Шаховската табла изгледа како и секоја друга, но фигурите на оваа табла се движат сами благодарение на мноштво мали роботи кои се на тркала по нејзината проѕирна површина.

Тие роботи го поместуваат магнетните фигури напред назад по плочата, како одговор на потезите во реално време кои ги направиле вистински противници на интернет шаховски платформи како што се Lichness или Chess.com.

- Advertisement -

Тие противници можат да играат преку тастатура за компјутер и шаховска табла на екран, што значи дека не мора да ја користат GoChess таблата. Корисниците на GoChess можат да ги поместуваат фигурите и рачно, иако дополнително можат да ја натераат таблата тоа да го направи наместо нив со помош на гласовни платформи. Кога фигурите се поместуваат со рака, магнетот во секоја фигура ги детектира сензорите на таблата, овозможувајќи системот да знае која фигура е поместена на кое поле, како што можете да видите од видеото во прилог.

Освен против други играчи онлајн, шах на оваа табла можете да играте и против вградената вештачка интелигенција на 32 различни поставки за тежина на играта.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Kickstarter)

Сподели!
- Advertisement -