Опаѓа популацијата на речиси половина од животните на Земјата сега

- Advertisement -

Студија објавена во вторникот ги испитува промените во густината на популацијата на над 70.000 животински видови од целиот свет, што ја прави најопсежно истражување од тој тип досега. Истражувачи од Универзитетот Квинс во Белфаст велат дека откритието е драстично предупредување дека глобалната загуба на биодиверзитетот предизвикан од човечката индустријализација е значително поалармантна отколку што се мислеше.

Тие откриле дека 48% од животинските видови на Земјата моментално поминуваат низ период на опаѓање на популацијата, додека најголем дел од популацијата се зголемува кај помалку од 3% од видовите. Опсегот на изумирање на видовите традиционално се мери според категории на Меѓународната унија за зачувување на природата, според кои на 28% од животот на Земјата им се заканува изумирање.

- Advertisement -

Меѓутоа, новото истражување користела глобална анализа за мерење на ризиците од изумирање, а тоа се популациски трендови. Научниците открија дека ркизата на изумирање е значително посериозна отколку што покажуваат традиционалните мерки базирани на категориите на закана. Исто така, откриле дека 33% од видовите кои категориите за заштита моментално ги сметаат за безбедни всушност опаѓаат и се во поголема опасност од изумирање.

Анализата покажува дека недостигот на видови со растечка популација е доказ дека другите видови не се развиваат за да го заземат местото на другите врсти во екосистемот. Оваа нова метода на проучување и анализа на глобално ниво дава појасна слика за вистинскиот опсег на глобалната ерозија на биодиверзитетот.

- Advertisement -

Нашата работа е драстично предупредување за моменталните димензии на оваа криза, која веќе има разорни ефекти врз стабилноста на природата во целина и на човечкото здравје и благосостојба.

Водечката авторка на истражување, Кетрин Фин, додава дека опаѓа популацијата на речиси половина од животните на Земјата кои се достапни за анализа. За работите да бидат уште полоши, многу животински видови за кои се смета дека не им се заканува измуирање всушност прогресивно опаѓаат.

- Advertisement -

Глобалната загуба на билошкиот диверзитет се смеѕа за еден од најсериозните предизвици за човештвото во наредните децении, кој влијае на функционирањето на екосистемот, производството на храна, ширењето на болестите и стабилноста на глобалната економија.

(Zimo)

(фото: Pixels)

Сподели!
- Advertisement -