Делови од САД изминатата недела беа сведоци на необично црвено сонце и додека тоа беше прилика за убави фотографии, причината поради која се сменила бојата на сонцето и не е позитивна. Имено, сонцето ја сменило бојата на небото поради 84 пожари кои гореле во деловите на Канада и кое ќе трае уште најмалку неколку дена. Чадот од тие немилосрдни пожари патувал до 3.200 км и создал магловит филтер преку сонцето, поради што тоа изгледало црвено.
Жителите на Њујорк, Њу Џерси, Чикаго, Илиноис и Ајова се само некои од оние кои сведочеа на сонцето со необично црвено крвава боја, која настанала поради чадот кој ја филтрира светлината со кратка бранова должина, дозволувајќи да поминат само црвените и портокаловите бранови должини. И самото сонце имало послаб интензитет поради густиот чад кој се проширил низ Канада.
Метеоролозите појаснуваат дека честичките на чадот се пренесуваат преку САД со ветрот кој дува во североисточните предели, предизвикувајќи и лош квалитет на воздухот. Сателитските сники кои ги сподели американската Национална метеоролошка служба NWS покажува чад кој се движи низ северниот дел на САД и ги прекрива со загадување источните држави.
NWS го оцени воздухот во Монтана како нездрав и ги замоли луѓето да останат дома ако е возможно. Истото предупредување го издаде за источен Колорадо. Одделот за квалитет на околината на Јута исто така предупреди и дека квалитетот на воздухот ќе остане нездрав за осетливите групи до почетокот на идната недела.
Во шумските пожари изгореа речиси 1 милион хектари во западна Канада. Над 30.000 луѓе веќе го напуштија тоа подрачје за да ги избегнат пожарите. Тие пожари избија затоа што Канада доживеа необично сушна пролет во комбинација со топлотен бран.
(Dnevnik.hr)
(фото: Flickr)