Македонската IT компанија BtoBet, заедно со сестринските компании, се продаде за неверојатни една милијарда и двесте милиони долари

- Advertisement -

Една од најголемите светски компании за мобилни игри и казино, Aristocrat Leisure Limited, со седиште во Австралија, склучи договор за аквизиција на групацијата NeoGames од која BtoBet е дел. Бизнис зделката, според која вредноста на NeoGames се проценува на приближно 1.2 милијарди долари, со сигурност ќе ја трансформира светската гејминг индустрија.

- Advertisement -

Комерцијалниот договор претставува јасна потврда за квалитетот на групацијата што е составена од BtoBet, Aspire Global, Pariplay и NeoGames, компании што имаат водечки софтверски решенија.

Групацијата континуирано бележи експоненцијален раст, а  за тоа говори и фактот дека по успешната 2022, во март годинава BtoBet забележа рекорд, процесирајќи приближно една милијарда облози преку својата платформа за спортско обложување.

- Advertisement -

Од почетокот на годината, покрај одличните финансиски резултати, BtoBet го објави продолжувањето на договорот со светски познатиот PremierBet, компанија што има операции во 23 африкански држави, како и започнувањето со работа на новиот онлајн бренд Placard на операторот SOJOGO во Африка, дел од португалската национална лотарија.

Овие компаниски достигнувања се доказ дека BtoBet сѐ побрзо станува еден од водечките технолошки партнери на глобалните лидери во iGaming индустријата, испорачувајќи врвни производи и услуги за спортско обложување.

Сподели!
- Advertisement -