RobotSweater, кој го направи истражувачки тим од Институтот за роботика при Универзитетот Карнеги Мелон е машински исплетена текстилна „кожа“, односно џемпер кој може да почувствува допир.
„Тоа можеме да го искористиме за роботите да ги направиме попаметни во тект на нивната интеракција со луѓето“ вели Чаглиу Лиу, асистентка на професорот по роботика при Факултетот за компјутерски науки.
Баш како што иглите можат да земат кое било предиво и да го претворат во чорап, капа или џемпер со која било величина или форма, плетениот RobotSweater материјал може да се прилагоди за да одговара на нерамни тридимензионални површини.
„Машините за плетење можат да обликуваат предиво во форми кои не се рамни, кои може да бидат закривени или рапави. Тоа не натера да помислиме дека би можеле да направиме сензори кои се вклопуваат преки закривени роботи“ вели Џејсм Меккен, доцент на универзитетот.
Кога ќе биде исплетена, ткаенината може да се употреби за роботите да можат да почувствуваат кога ќе ги допре некој, посебно во индустриска средина, каде што безбедноста е најбитна. Моменталните решенија за откривање интеракција на човек со робот во индустријата изгледаат како штитови и користат многу крути материјали за кои Лиу напоменува дека не можат да го прекријат целото тело на роботите затоа што некои делови мора да се деформираат.
Со RobotSweater целото тело на роботот може да биде покриено, така што може да ги детектира сите можни контакти, додава Лиу. Плетената ткаенина RobotSweater се состои од два слоја проводливо предиво, направено од метални влакна за спроведување струја. Во сендвич меѓу нив се наоѓа мрежест слој. Кога на ткаенината ќе се изврши притисок, како при допир, предивото го затвора струјниото коло и се активираат сензорите, како што можете да видите од видеото во прилог.
Освен предизвикот како да дизајнираат плетени слоеви, тимот се соочил со уште еден предизвик во поврзувањето на жиците и електронските компонентни со мекиот текстил. Откако ќе се стави на телото на роботот, RobotSweater може да почувствува дистрибуција, облик и сила на контактот. Исто така, попрецизен е и поефикасен од визуелните сенрори на кои се базираат сега најголем дел од роботите.
(Vidi.hr)
(фото: Wikimedia)