На охридскиот аеродром од стартуваат две нови авиолинии

- Advertisement -

Од денес на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ започнаа новите авиолинии од Лондон и Манчестер. Чартер летовите ќе траат до 20-ти септември, два пати неделно. Оваа туристичка сезона се очекува над 6.000 Британци да летуваат на брегот на Охридското Езеро…

На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, од денес стартуваа новите авиолиниите од Велика Британија. До 20-ти септември, два пати неделно, преку туроператорот ТУИ UK, Охрид се поврзува со Лондон и Манчестер. Оваа сезона се очекуваат над 6.000 Британци да летуваат на брегот на Охридското Езеро и да се запознаат со убавините на нашата земја.

- Advertisement -

„Со воведувањето на овие чартер летови, од Манчестер и Лондон, британските туристи ќе имаат можност да ја посетат оваа неверојатна дестинација, каде ќе има можност да го посетат стариот град, кој е на листата на УНЕСКО, да ги посетат античките локалитети, манастири, цркви и да искусат добра храна и гостопримството во Охрид и локалната традиција“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Во првите четири месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, бројот на патници во авиосообраќајот во земјава пораснал за 44%.

- Advertisement -

Охрид, засега е нова и непозната дестинација за Британците, но особено атрактивна поради прекрасната природа. Бројот на туристи од Британија се очекува да расте.

Оваа година на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, се очекуваат рекорден број туристи. Во моментов оперираат четири авиокомпании до девет дестинации, а од јуни ќе се патува до 14 дестинации ширум светот.

- Advertisement -

извор: mrt.com.mk

Сподели!
- Advertisement -