Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Канцеларијата на претседателот на Владата, за Иницијативата за формирање хибридни младинско иновативни центри на територија на Република Северна Македонија поднесена од граѓанските организации: Асоцијацијата на Старт ап заедницата на Република Северна Македонија „СТАРТАП МАКЕДОНИЈА“ и меѓународно здружение на граѓани „КУЛТУРНО ЕХО – Скопје“.
Со одлука на Владата, на предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, ќе започнат активности за формирање мешовита установа помеѓу Владата и Асоцијацијата на Старт ап заедницата на Република Северна Македонија „СТАРТ АП МАКЕДОНИЈА“ и меѓународно здружение на граѓани „КУЛТУРНО ЕХО – Скопје“.
Ваков тип установа, како што е образложено во Информацијата, ќе придонесе кон афирмирање и употребување на капацитетот на младите луѓе, нивните идеи и креативност, како одраз на заложбите на Владата за задржување на успешните кадри во нашата земја, преку можностите да ги реализираат своите капацитети во државата, какви што примери има во Љубљана, Тирана, Стразбур, Приштина.
Процесот предвидува формирање мултифункционален и интердисциплинарен парк, којшто ќе придонесе за зголемување на понудата на културни и едукативни содржини, обуки за развој на бизнис и уметничко изразување, како и други активности, со цел создавање услови за младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, но сѐ уште немаат доволна финансиска и логистичка поддршка за негова реализација.
За координатор на активностите поврзани со активностите за формирање мешовита установа помеѓу Владата и Асоцијацијата на Старт ап заедницата на Република Северна Македонија „СТАРТАП МАКЕДОНИЈА“ и меѓународно здружение на граѓани „КУЛТУРНО ЕХО – Скопје“, е назначен Васко Кичевски, секретарот за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти и инвестиции, поврзани со приоритетите на претседателот на Владата.
Владата и „Стартап Македонија“ формираат хибридни младинско иновативни центри
- Advertisement -
- Advertisement -