Преку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината!
А1 Македонија и оваа година, трет пат по ред ја имплементира програмата за платена пракса, A1 WayUp. Повикот е отворен за 15 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.
Практикантите од A1 WayUp имаат можност да започнат да го градат својот кариерен пат со работа на реални проекти заедно со искусните тимови во А1 од кои добиваат целосна поддршка во усовршувањето на своите знаења и можност да стекнат нови вештини.
“Ги отвораме вратите на нова генерација млади за да им понудиме можност за почеток на нивната кариера. Нашата цел е да им пружиме богато работно искуство преку експертизата на ИТ професионалците во А1 Македонија и А1 Телеком Австрија Групацијата во најатрактивните области во дигиталниот свет. Горди сме на нашите практиканти од минатите години кои сега се веќе дел од нашиот А1 тим и оттука и оваа година очекуваме голем интерес од страна на дипломците и успешна реализација на програмата во овој циклус”, изјави Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.
Програмата е платена и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата.
Периодот за аплицирање започнува од 12 јуни и трае до 12 јули 2023 година, а сите заинтересирани може да испратат кратка биографија и преку формулар да се пријават за една од позициите предвидени во оваа програма. Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.
Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк и да бидат дел од A1 WayUp – Generation ’23.
Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.
Контакт за медиуми:
Емилија Зографска
тел: ++389 75 400505
e-mail: emilija.zografska@A1.mk