Нова батерија за електрични возила се полни за само 6 минути и функционира и во екстремни временски услови

- Advertisement -

Кинескиот стартап Greater Bay Technology тврди дека создале батерија за електрични возила која може да функционира во секакви временски услови. Батеријата се вика Pheonix cell и користи суперпроводливи материјали и термална контрола за температурите под нулата да ги донесе до собна температураза само 5 минути, пишува Bloomberg.

Екстремните температури се проблем за електричните возила од самиот почеток. Како што температурата паѓа под нулата тие ја губат нивната ефикасност за полнење, поради што сопствеиците не можат да бидат сигурни колкав досег ќе имаат.

- Advertisement -

Производителите на автомобили почнаа да инсталираат топлински пумпи за да се одржува температурата на батериите на високо ефикасно ниво, но тоа се покажа како неефикасен начин за контрола на батерија.

Greater Bay Technology е компанија основана од Huang Xiangdong, заедно со индустрискиот ветеран Пеи Фенг во 2020 година. Хуанг и Пеи биле колеги во GAC, третиот најпопуларен бренд за електрични автомобили во Кина после BYD и Tesla.

- Advertisement -

Новата генерација батерии Phoenix cell ќе овозможи досег од 1.000 км со едно полнење. Според Хуанг, користењето супепроводливи материјали и технологија за термална контрола во батериите овозможува батеријата да се загрее од температури 20 степени под нулата до 25 стеени Целзиусови над нулата за само 5 минути. Кога батеријата ќе биде во нормален температурен опсег може брзо да се полни и да достигне максимален капацитет за само 6 минути.

Хуанг е уверен дека оваа технологија ќе ја прошири употребата на електричните возила. Батеријата Phoenix cell прв пат веројатно ќе ја видиме во моделот Aion на GAC за околу 6 години отсега и во други електрични автомобили на други производители.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -