Нови правила во ЕУ: батериите ќе се пренаменуваат, преработуваат или ќе се рециклираат

- Advertisement -

Со 587 гласови за, 9 против и 20 воздржани европратеници постигнат е договор со Собранието на ЕУ за ревидирани правила во ЕУ кои се однесуваат на батериите и отпадните батерии.

Изменетата директива за батерии осигурува дека батериите можат да се пренаменат, да се преработат или д се рециклираат на крајот на векот на траење.

- Advertisement -

Со развојот на технологијата за батерии и идните предизвици во тој сектор, а батериите стануваат стратешки пазар, новиот закон го покрива целиот животен циклус на батериите – од дизајнот до истекот на векот на траење.

Тоа е во склад со акцискиот план на ЕУ за циркуларна економија и индустриска стратегија кои го опфаќаат целиот животен век на производите – од дизајнот до употребата, се до рециклирањето во нови производи.

- Advertisement -

Договорени се и мерки кои наголемо одат во прилог на потрошувачите: батериите ќе функционираат добро, ќе бидат побезбедни и поедноставни за отстранување и заменување. Севкупната цел е да се изгради поцврста европска индустрија за рециклирање,посебно за литиумот, и поконкурентни индустриски сектор во целина, што во наредните децении ќе биде клучно за енергетската транзиција на континентот и стратешка автономија, велат од ЕУ.

Се предвидува дека до 2030 година на патиштата во ЕУ ќе има најмалку 30 милиони електрични возила со нулта емисија. Иако се очекува електричните автомобили значително да ја намалат емисијата на стакленички гасови, тие имаат една лоша страна која е штетна за околината – нивните батерии.

- Advertisement -

Се предвидува и дека глобалната побарувачка за батерии ќе се зголеми за 14 пати до 2030 година, од кои на ЕУ отпаѓаат 17% од побарувачката..

Новите правила носат построги цели за собирање преносни батерии (45% до 2023., 63% до 2027 и 73% до 2030 година.) и за батериите за лесни електрични возила (51% до 2028 и 61% до 2031 година).

Целиот отпад од батериите за лесните електрични возила, автомобилите и товарните возила ќе се собира бесплатно, без оглед на неговата природа, хемискиот состав, состојбата или потеклото.

Новите правила ги дефинираат и минималните нивоа на обновлив кобалт (16%), олово (85%), литиум (6%) и никел (6%), кои од производниот и потрошувачкиот отпад мора да се користат во нови батерии. .

Новите правила ќе почнат да се применуваат кога официјално ќе ги усвои Собранието на ЕУ. .

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -