ЕУ ќе имплементира напредна технологија за да ги проучи и да ги заштити океаните

- Advertisement -

Европската комисија воведува нова програма наречена Technology Enabler for Internet of Underwater Things Applications (TEUTA), која ќе има за цел заштита на океаните со помош на напредна технологија.

„Се инвестираат многу пари во компании и институции кои ја истражуваат вселената, а околу нас имаме океани кои се уште не се истражени“ велат од проектот TEUTA.

- Advertisement -

ЕУ планира да го искористи Интернетот на подводни нешта или IoUT, мрежа од паметни, интерконектирани сензори и уреди, за полесна комуникација со морето. Тоа може да има многу корисна и повеќекратна примена. На пример, нуркачите кои работат на подводни конструкции ќе можат да испратат порака до надредените и да побараат дополнителна помош или алатки и слично.

Други примери кои ги наведуваат од Европската комисија се вклучување на подводни уреди за мерење на квалитетот на водата инсталирани на морското дно на далечина од лабораторија или археолози да ја искористат технологијата за да постават уреди за детекција на натрапници на далечни локации. Ќе се истражуваат и можностите за подводно земјоделство или минирање.

- Advertisement -

ЕУ го финансира и проектот New Approach to Underwater Technologies for Innovative, Low-cost Ocean Observation (NAUTILOS), кој има за цел да собере птеходно недостапни информации за подводни активности и да го подобри нашето разбирање на физичките, хемиските и биолошките промени во океаните.

Досега сензорите на NAUTILOS можеа да се користат за мерење на нивото на хлорофил-А и разложен кислород во водата за подобро да се разбере квалитетот на водата. Исто така, може да се користат за истражување на присуство на микропластика.

- Advertisement -

Овие проекти се многу битни затоа што 70% од Земјата се покриени со океани и повеќе од 4/5 од нив никогаш не се мапирани, истражени или посетени од луѓе.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -