Македонскиот стартап Brummell на Нино Карас со реклама на Times Square во Њујорк

- Advertisement -

Mакедонската стартап компанија Brummell, која го направи првото сако наменето за мотоциклисти во светот, е еден од главните спонзори на Distinguished Gentleman’s Ride во Los Angeles веќе трета година по ред. Се работи за мото настан со хуманитарна природа на кој мотоциклисти возат класични мотоцикли елегатно облечени во сакоа и одела. Настанот се случува еднаш годишно во повеќето градови во светот (вклучувајќи го и Скопје), но во Los Angeles е еден од најголемите настани по број на возачи и собрани средства.

Неодамна Brummell ја лансираше новата и подобрена верзија на Brummell сакото – Brummell Blazer V2, која покрај сите нови функционалности и новитети, сега е и официјално сертифицирано според најновата и најригорозна регулатива за мото опрема во светот како Class A мото јакна.

- Advertisement -
Во продажен салон во Малибу, Калифорнија

Причината за нашето патување во Америка беше проширување на нашата продажна мрежа на дистрибутери во Америка, па поради истата причина, оваа година бевме присутни и на Distinguished Gentleman’s Ride со наш штанд како еден од главните спонзори“, вели за Иновативност Нино Карас, еден од основачите на оваа иновативна компанија со светски потенцијал.

Brummell производите се веќе достапни во две а наскоро и трета продавница во Los Angeles, а веќе сме во преговори и за неколку продавници во Сан Франциско и Њујорк. Рекламата на Times Square претставува дел од маркетинг кампања за промоција на брендот на американскиот пазар како поддршка на нашите активности за присустност на тој пазар“, објаснува тој.

- Advertisement -

Brummell е компанијата позади првото сако во светот наменето за мотоциклисти. Тим има пасија за две работи: мотоцикли и мода и цврсто верува дека може да ги поврземе овие два света кои навидум немаат ништо заедничко, така што мотоциклистите веќе никогаш нема да бираат меѓу изглед и соодветна заштита.

Нино Карас и Нина Левиќ, коосновачи на Brummel

Нино е искусен претприемач кој досега има лансирано неколку IT компании и вооедно страствен мотоциклиста. Нина е правник со пасија за дигитален маркетинг и е креатор на @CafeRacerRide, една од најголемите мото заедници на Instagram.

Сподели!
- Advertisement -